fbpx

Починаа уште пет лица, повторно над 100 заразени

Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 63
-Куманово 4
-Дебар 6
-Штип 4
-Прилеп 2
-Тетово 14
-Струга 6
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 4
-Гостивар 12
-Свети Николе 1
-Кичево 1

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од:

-Скопје 82
-Штип 1
-Тетово 30
-Струга 2
-Битола 2
-Гостивар 2
-Кочани 4
-Пехчево 1
-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.

Следни Објави

Имате температура? Овоj вирус има исти симптоми со корона!

Постојат голем број вирусни инфекции кои потсетуваат на корона, проверете дали сте ги „закачиле“ Еден од првите симптоми на коронавирусот е детектиран на почетокот на епидемијата, уште во декември во Вухан, а тоа е покачена температура. Во меѓувреме, листата со симптоми се прошири, па така знаците дека сте се инфицирале […]