Имаме пациентка од 28 години со тешка пневмонија, но засега е добро. Имаме и пациент од 37 години, кој исто така е со тешка клиничка слика. Ги лекуваме со исклучително скап лек, актембра. Само една доза чини 100.000 денари, открива д-р Христијан Костов, директорот на ГОБ „8 Септември“ за „Фактор“.
Првиот човек на оваа здравствена институција потенцира дека во моментов имаат нови 10 дози од овој лек, односно за 10 пациенти и тоа, како што вели, се донација од една приватна компанија.
Д-р Костов информира дека состојбата е далеку од одлична, но дека се подобрува.
– Денеска си заминаа 15 излекувани пациенти, а примивме само 8, што практично и не можеше да се замисли во изминатиот период. За жал, има и многу млади пациенти кои се со најтешка клиничка слика – вели тој за „Фактор“.