fbpx

Тага во Хрватска: Почина омилената ТВ-ѕвезда, имаше само 30 години

Вања Жикиќ, поранешната натпреварувачка во шоуто „Живот на вага“ почина денес во болницата во Ријека. Пет дена се борела за живот со бактериско воспаление на белите дробови. За жал, битката ја загуби, а имаше само 30 години.

Во популарната емисија Вања влезе со 140 килограми. Успеа да симне 8,4 килограми додека партиципираше во проектот, но продолжи да слабее и позади камерите.

Пријателите кои масовно се простуваат од неа на социјалните мрежи, велат дека иако студирала графика, една од нејзините најголеми желби била да биде фризерка и тоа ја мотивирало драстично да ослабне. Сакала да им помогне на родителите, и двајцата невработени.

Најблиските велат дека, сепак, најголемата желба ѝ се исполнила – конечно среќно се вљубила и била сакана.

Следни Објави

Брутална исповед на медицинска сестра: Ова се моите последни денови!

Мислела дека ќе може да го победи вирусот мирувајќи дома, но кога нејзината здравствена состојба нагло се влошувала, завршила во болница. Починала по 24 дена   Медицинска сестра од Њу Џерси која почина од коронавирус последните три недели од животот ги поминала документирајќи ја страшната битка со болеста. На видеата […]