Новите автобуси на течен нафтен гас кои ги купи Град Скопје од утрово се пуштени во сообраќај.
Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) велат дека станува збор за првите 25 од вкупно 33-те нови автобуси кои пристигнаа во Скопје во неколку фази.
Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.