fbpx

Повторно се појави болеста што покоси милиони: Ја има во три облици!

Болеста која во средниот век зеде милиони животи во Европа, предизвика загриженост во Кина по појавата на еден нов случај. Сепак, во регионот Внатрешна Монголија, каде неколку лица уште минатата година се заразија со оваа смртоносна болест, на сила е само трет степен на опасност. Зошто е тоа така?

Како што објаснува професорот Брус И. Ли за реномираниот „Форбс“, иако станува збор за извиканата бубонска чума, во денешно време нема многу простор за паника околу оваа болест.

– Да, ова е чума којашто ја предизвикува бактеријата Yersinia pestis и која не може да се пренесе на луѓето откако бубачките ќе ги изедат заразените глодачи. Да, тоа се бубачки што ги гризат животните, како што се глувците, лилјаците и мрмотот. Бубачки што гризат глувци не е убава слика. Да, Yersinia pestis е тоа што ја предизвикало црната смрт, која во средината на 1.300 година убила над 50 милиони луѓе во Европа. Да, имаше уште четири случаи на чума во Внатрешна Монголија уште минатиот ноември. Па зошто властите во местото Бајанур повикале само на предупредување од трет степен, а не на предупредување од прво или второ ниво? Како што пренесува „Ројтерс“, предупредувањето од трето ниво забранува лов и јадење на животни кои може да пренесат чума и се бара од јавноста да известува за сите сомнителни случаи на чума или треска, без јасни примероци, и да ги пријави сите болни или мртви мрмоти. Тоа не е баш некој одговор кој вели дека станува збор за нешто опасно. На крајот на краиштата, тоа е само чума. Нема потреба од паника. Ова не е 14-ти век. Сигурни сте во 2020 година, безбедни, барем што се однесува до чумата. Сега постојат антибиотици, како стрептомицин, гентамицин, доксициклин и ципрофлоксацин кои лесно може да ја излекуваат чумата, под претпоставка да се применат на време“, пишува Ли за „Форбс“.

Го елиминира вирусот за пет дена? Овој лек е одобрен за Ковид-19!

Повремено, случаи на бубонска чума се јавуваат и на други континенти.

– На пример, во САД во 2000 година просечно се пријавуваат седум случаи на чума кај луѓето. Најголемиот биланс бил 17 во 2006 година. Повеќето од овие случаи биле во западниот и југозападниот дел на САД – тврди Ли.

Сепак, тоа никако не значи дека чумата не е и понатаму опасна болест. Ако имате температура, треска и слабост, немојте да мислите дека е подобро да имате токму чума. Без антибиотиците, шансите се прилично лоши. Според податоците од Светската здравствена организација, од 30 до 100 отсто од луѓето умираат.

– Важно е да се добие брза дијагноза и третман. Немојте да мислите дека ако сте заболени од чума, лесно ќе ја прележите. Чумата доаѓа во три облици. Симптомите обично се развиаат од три до седум дена по почетното изложување на бактериите – информира Ли.

Според неговото објаснување, трите облици на чума се бубонската, септичната и пневмоничната, а секоја од нив со себе носи сериозни последици.

Следни Објави

(ФОТО) Скопјани ги пробаа новите автобуси

Новите автобуси на течен нафтен гас кои ги купи Град Скопје од утрово се пуштени во сообраќај. Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) велат дека станува збор за првите 25 од вкупно 33-те нови автобуси кои пристигнаа во Скопје во неколку фази. Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот […]