fbpx

Се разведе, па ја оставија пред олтар: Животната приказна на ѕвездата од турските серии

Асли Енвер македонската публика ја препознава како Суреја од турската хит-серија „Истанбулската невеста“ што ѝ е и една од најголемите улоги во кариерата. Актерката со кипарско потекло има 34 години. Родена е во Лондон и таму живеела до својата дванаесетта година.

„Баба ми шиела униформи за британската војска. Заминала за Лондон со своите шест деца. Татко ми со баба ми и браќата долго време живееле таму. Од друга страна, пак, мајка ми е единица и кога завршила со школување заминала во Лондон да учи англиски и во тој период се запознала со татко ми. Помеѓу нив се родила голема љубов“, раскажа актерката во една пригода.

Асли дипломира актерска игра на Универзитетот Халич во Истанбул. Патот кон врвот не ѝ бил воопшто лесен бидејќи се бори со дислексија, па за секој текст ѝ треба повеќе време за да го научи.

„Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав актерство. Тоа не ми се чинеше воопшто лошо. Ме испрати на студии. Да, низ годините во сѐ ми помагаше мајка ми“, искрена е Енвер.

„Истанбулската невеста“ ѝ ги отвори вратите кон бројни улоги. Актерката преку ноќ почна да игра рамо до рамо со најпопуларните турски актери како Озчан Дениз и Мерјем Узерли, популарната Хурем од „Сулејман Величенствениот“.

Асли позади себе има еден пропаднат брак со турскиот манекен и актер Биркан Сокуалу. По разводот во 2015 година изјавува дека веќе не верува во љубов.

Моментално е во врска со 38-годишниот музичар Мурат Бозу. Иако ја оставил пред венчавката, Асли сепак одлучила да му прости и да му даде втора шанса.

Кога не е на снимање, времето најчесто го поминува со напуштени миленици затоа што, како што вели, премногу ги сака животните.

Следни Објави

Д-р Здравков: Испишан е 20-годишниот пациент, го испративме со насмевки!

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти една убава вест. По двонеделно лекување, од болницата „8 Септември“ е испишан 20-годишен пациент, дијагностициран со КОВИД-19 енцефалитис, односно воспаление на мозокот. Со брза помош и со количка,  пациентот позитивен на Kовид-19 пред околу две недели бил донесен од Клиниката за неврологија во […]