fbpx

И изгрејсонцето е ништо: Илина и Игор се разделија

Љубовта меѓу легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова не е веќе нова вест, но откако врската и двајцата ја потврдија, преку ноќ добија армија дополнителни фанови на „Инстаграм“, платформа на која секојдневно ги објавуваат заедничките моменти.

По неколкумесечна интензивна врска, Илина и Игор мораа да се разделат. Пред четири дена Џамбазов ја посети Арсова во родниот Охрид. Но, неговата партнерка веројатно ќе мора да остане таму уште некое време, а тој се врати во дојранското село Сретеново.

Прости Дојране, го сменивме езерото за кратко, се пошегува Игор кога ја посети Илина во Лагадин

– Само еднаш ги затворив очите и веќе ден е. И изгрејсонцето е ништо кога не си до мене – напиша тој под последната фотографија што ја постираше на социјалните мрежи.

Илина, ти си на потег! Врати му се побргу!

Следни Објави

(ФОТО) Да бидеш сакан и успешен: Цеца го покажа внукот

Наш мал и сакан Жељко! Среќна крштевка! Секогаш да ни бидеш среќен, здрав, сакан, успешен, да пораснеш во човек со големо срце со кој сите ќе се гордееме! Со оваа емотивна посвета, фолк-ѕвездата Цеца Ражњатовиќ ја објави првата фотографија од внукот. Нејзиниот син Вељко со сопругата Богдана денеска во Соборниот […]