fbpx

Најново за Ковид-19: Руската вакцина е безбедна!

Успешно се завршени испитувањата на првата вакцина во светот против коронавирусот на доброволци во Русија, тврди Вадим Тарасов, директорот на Институтот за медицина и биотехнологија на Сеченовскиот универзитет.

Лекот го произведе истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, а во оваа етапа се потврди безбедноста на вакцината по здравјето на луѓето. Првата група доброволци ќе бидат пуштени дома следната недела на 20 јули. Сепак, нивната здравствена состојба и понатаму ќе биде под надзор за да се види што се случува со нивниот имунитет.

– Во оваа фаза потврдена е безбедноста на вакцината. Таа е на исто ниво на безбедност како и вакцините кои постојат на пазарот – вели директорот на Институтот за медицинска паразитологија, тропски и трансмисиони болести, Александар Лукашев.

Тој открива дека волонтерите биле поделени во две групи, првата примила една доза, а другата две. Покрај покачена температура, првите неколку дена по вакцината немало други несакани реакции кај доброволците и сите се чувствуваат добро, информираат од Институтот.

Доброволците подолго време биле во изолација, нивниот конакт со надворешнит свет бил ограничен и пред да ја примат вакцината, за да се избегне евентуална зараза со коронавирусот.

Од сложеноста на епидемиолошката состојба и можноста за масовно производство ќе зависи како и во која насока ќе продолжи вакцинирањето, информираат надлежните.

Следни Објави

Ново откритие: Еве колку време заразените капки остануваат во воздухот!

Инфицираните капки со коронавирус во воздухот може да опстанат дури еден час, тврди британскиот виролог Венди Баркли. Таа нагласува дека ова било и причината Светската здравствена организација да го промени својот официјален став, признавајќи дека трансмисијата на вирусот преку воздух сепак е возможна. Кога е во прашање, пак, употребата на […]