Вакцината AZD1222, популарно наречена „Оксфорд вакцина“, влезе во последната, трета фаза на тестирање. Според документацијата до која дојде Nedeljnik.rs, во септември истата ќе биде во употреба во неколку европски земји и во САД.
Веќе е докажано дека оваа вакцина дава 2,6 пати повеќе антитела од најсилните организми со кои тоа се постигнува по природен пат.
Институтот Џенер на Универзитетот во Оксфорд во соработка со британскиот фармацевтски гигант „АстраЗенец“ почнува да произведува две милијарди дози вакцина, што според документот до кој имал пристап Nedeljnik.rs, ќе бидат испорачани до крајот на годината. Компанијата се откажа од профитот додека трае пандемијата, а вакцината, како што најави нивниот директор, ќе чини како еспресо.
Вакцината на Оксфорд, наречена AZD1222, во моментот се тестира на околу 10.000 доброволци во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро на 30.000 лица во САД, влегувајќи во последната, трета фаза, по што итно ќе биде одобрена за употреба.
Според шефот на научниците на Светската здравствена организација, Сом Сваминантан, вакцината што ја развива Оксфорд е водечки кандидат, па дури и принцот Вилијам се заинтересирал за неа. Војводата од Кембриџ лично го посетил универзитетот за да се запознае со процесот на развој.
Се верува дека на крајот на август, би се знаело дали вакцината е ефикасна и стабилна и дали може да се произведува, со што би се спречила пандемијата на Ковид-19.
Вакцината AZD1222 предизвика добра имунолошка реакција на коронавирусот кај глувци и примати (мајмуни од видот макаки). Една доза од вакцината, всушност половина од она што ќе му се даде на човекот, целосно ги заштити мајмуните од пневмонија.