Наместо да паничиме, треба да бидеме одговорни и да поработиме на превенцијата и на зајакнувањето на имунитетот, а еден од најдобрите начини за тоа е внесувањето на оптимална количина на јод, покажа истражувањето коешто го спроведе Националниот центар за ревматологија во Холандија.
Анализирајќи го бројот на жртви од Ковид-19 во светски рамки, д-р Верхесен заклучил дека количината на внесениот јод има важно влијание кога станува збор за нивото на смртност кај настарата популација.
– Епидемиолошките податоци покажуваат дека Јапонците, инаку познати по внесувањето на голем процент јод во организмот, имаат пониска стапка на смртност од Ковид-19 споредено со другите земји и покрај фактот што во Јапонија има најстара популација во светот и националните мерки на превенција беа меѓу најблагите – вели тој.
Д-р Верхесен потсетува дека јод најмногу има во алгите, морските риби и во кујнската сол, а дневната оптимална количина е од 1,5 до 2,4 милиграми по лице.