Србија е во шок и тагува по ненадејната смрт на Срѓан Гајиќ. Пејачот имаше само 28 години, а веста со неверување ја прифатија и многу негови колеги кои со емотивни пораки масовно се простуваат од него на социјалните мрежи.
Сега се огласи и неговата сопруга со која има и деветмесечно бебе. „Беше најдобриот човек на светот, мојот ангел“, напиша таа на „Инстаграм“.