Со оваа фризура не може да погрешите. Одлично прилега на секоја форма на лице
Моника Белучи до неодамна имаше долга коса, кога одлучи да направи голема промена и драстично да ја скрати.
Фризурата којашто ја одбра одлично прилега на секоја форма на лице и со овој избор едноставно не можете да погрешите.
Освен што е апсолутен погодок за повозрасни жени кои ги прави да делуваат значително помлади, оваа фризура е и лесна за одржување и брзо се суши, што е особено важно за летниот период кога температурите се над 30 степени.
Доволно е да земете малку пена, со раце да ја „изгужвате“ и веќе следниот миг ќе имате заводлива фризура.