Забележителен е бројот на сѐ повеќе млади пациенти во ГОБ „8 семптември“, вели директорот на овој Ковид-центар, д-р Христијан Костов за „Фактор“.
– Имаме двајца кои мораат да бидат ставени на респираторни апарати, бидејќи на прием имаа сатурација 30. Станува збор за пациенти кои се навистина млади. Едниот е 35-годишен, а другиот 36-годишен. И двајцата имаат прекумерна тежина, односно обеситас. Примени се во болницата на 11. односно на 14. јули. Пред три дена е хоспитализиран и пациент кој има само 25 години со Даунов синдром. Состојбата му беше навистина лоша, сега е подобар – открива тој.