Едвај чекам да го гушнам. Уште е на кислород, на машина. Лекарот вели дека операцијата поминала добро и сега се очекува полека да закрепне, вели Емилија Јованоска од Прилеп за своето синче Василиј кој во саботата имаше операција на срцето, информира порталот „ММС“.
Зафатот го покрил фондот, но сѐ останато требало да плати семејството. За дел од средствата се позајмиле, а дел се од донации на нивната трансакциска сметка. Им недостасуваат уште 5-6 илјади евра.
– Василиј сега има само два месеци и три дена, а му е направена операција, односно затворен е дуктусот на срцето. Се изнамачи и тој и ние. Не знам кога ке си одиме дома, се зависи од Василиј, како ќе напредува со дишењето. Но, полека полека, нека биде сѐ во ред. Јас не можам да го гушнам, тешко ми е ама ќе издржам сѐ додека не биде во ред, додека не оздрави – вели Јованоска.
Целата приказна и броевите за донации ги имате на „ММС“.