fbpx

Најново за Ковид-19: Постојат дури шест различни видови

Британски научници кои ги анализирале податоците од широко користената апликација за следење на симптомите на КОВИД-19 откриле дека постојат дури шест различни типови на болеста.

„Ројтерс“ информира дека според научниците од лондонскиот Кингс колеџ, шест типа на болеста се директно поврзани со различна сериозност на инфекцијата и благодарение на нив тие можат да проценат кој од пациентите ќе има проблеми со дишењето или ќе му треба третман со кислород или респиратор.

Студијата опишува шест различни видови на болеста КОВИД-19.

1. Слично на грип, но без треска

Пациентите најчесто имале главоболка, губење на чувството за мирис, болки во мускулите, кашлица, болки во грлото, болка во градите.

2. Слично на грипот со треска

Пациентите пријавиле главоболка, губење на чувството за мирис, кашлица, засипнатост, болки во грлото, губење на апетит и повишена телесна температура.

3. Гастроинтестинална верзија

Пациентите имале главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетит, дијареја, болки во грлото, болка во градите, но не и кашлица.

4. Сериозно ниво еден (Замор)

Пациентите имале главоболка, губење на чувството за мирис, кашлица, треска, засипнатост, болка во градите и силен замор.

5. Сериозно ниво два (Збунетост)

Пациентите имале главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетит, кашлица, треска, засипнатост, болки во грлото, болка во градите, силен замор, болки во мускулите и биле конфузни.

6. Сериозно ниво три (Абдоминални и респираторни проблеми)

Пациентите имале главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетит, кашлица, треска, болки во грлото, болка во градите, силен замор, збунетост, болки во мускулите, проблеми со дишењето, дијареја и болки во стомакот.

Во истражувањето е наведено дека пациентите кои страдале од некое од трите сериозни нивоа, најчесто завршувале со болничко лекување и неопходен бил третман со респиратор.

Следни Објави

Јелена Костов: Се борам за живот, го молам Бог да оздравам

Пејачката која неодамна откри дека е позитивна на Ковид-19 откри кои симптоми досега ги имала, како и тоа дека меѓу заразените има уште неколку нејзини колеги со кои редовно контактира Пејачката Јелена Костов веќе неколку недели води битка со коронавирусот и признава дека тоа воопшто не ѝ е лесно. – […]