fbpx

Јелена Костов: Се борам за живот, го молам Бог да оздравам

Пејачката која неодамна откри дека е позитивна на Ковид-19 откри кои симптоми досега ги имала, како и тоа дека меѓу заразените има уште неколку нејзини колеги со кои редовно контактира

Пејачката Јелена Костов веќе неколку недели води битка со коронавирусот и признава дека тоа воопшто не ѝ е лесно.

– Се борам за живот! Го молам Бог да оздравам! – вели Јелена за порталот „Ало“.

Костов пред неколку дена призна дека после три недели тестот за Ковид-19 повторно покажал дека не е излекувана.

Таа за „Пулс Србија“ детално раскажа за симптомите што ги имала.

– Не можев да се помрднам ниту милиметар. Чуствував ужасна болка по целото тело, малаксаност, добив висока температура.. Не би сакала да ги именувам колегите кои го имаат вирусот, но со многумина од нив сум во контакт, се слушаме, се поддржуваме и делиме искуства. Сите сме исплашени – откри популарната пејачка.

Костов објаснува дека не била хоспитализирана затоа што нема воспаление на белите дробови.

– Фала му на Бога, не стигнав до таа фаза. Знаеме колку вирусот е непредвидлив. Најмногу се плашев за детето. Тој е добар, тоа е најважно и сопругот е со него. Невозможно е да не го гледам бидејќи немам каде да го оставам. Родителите ми се постари и не е препорачливо да престојува кај нив – раскажува Јелена.

Следни Објави

Внимателно погледнете ја устата: Нов симптом на корона!

Лезии во усната празнина имале дури 29 отсто од пациентите позитивни на Ковид-19 во најновото истражување направено во Мадрид, пишува специјализираниот медицински магазин „Амама дерматологија“. „Си Ен Ен“ информира дека некои пациенти развиле емантема 24 дена по почетокот на симптомите, додека пак други дури 19 дена подоцна. Експертите тврдат оти […]