Јуниорска светска шампионка во уметничко лизгање почина на 20 години, пренесуваат светските медиуми. Јекатерина Александровскаја која последните години настапуваше за Австралија е пронајдена мртва во Москва, а според првичните наоди на истрагата станува збор за самоубиство.
Во изјава за агенцијата „Тас С“, неименуван извор од полициските служби открива дека телото на Александровскаја е пронајдено во близина на нејзината куќа и дека поради претрпени физички повреди спортистката и претходно имала обид да се самоубие.
Јекатерина е поранешна репрезентативка на Русија која од 2016 година се натпреваруваше под знамето на Австралија. На оваа земја во 2017 година во натпреварите за двојки со колегата Хари Виндзор ѝ ја донесе светската јуниорска титула.