Пандемијата е во полн ек, а забавите по ноќните клубови во државата се масовни, без никакво почитување на мерките за заштита.
И додека младите се „журкаат“ на Ѓоко Јовиќ во Струмица или додека на тапанарот му лепат стотки на чело на ромска свадба во Велес, во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти, од кои најмладиот имаше само 34 години.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 93 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.