Дали некој ќе заврши со најкритична клиничка слика и ќе заврши на респиратор или ќе помине без никакви компликации и симптоми, најчесто зависи од општата здравствена состојба
Одредени придружни болести можат да бидат фатална комбинација кога е во прашање коронавирусот. Кај таквите пациенти, Ковид-19 може да биде опасен по живот. Кои се најзагрозени?
Директорот на Инфективниот клинички центар во Србија, д-р Горан Стефановиќ, порача дека лекувањето на заболените кои немаат изразено тешка клиничка слика трае помеѓу две и три недели, додека пациентите на интензивна нега ги задржуваат дури и подолго од пет или шест недели и за нив короната е најопасна.
Пулмологот, професор д-р Милан Ранчиќ, вели дека болеста има бавно или долго траење. За разлика од сезонскиот грип кој може да стартува бурно и да трае неколку дена, состојбата со новиот вирус е неизвесна и поинаква.
– Кај позитивните на корона, болеста се продолжува на две, три, па и четири недели, нормално со варијабилно појавување на симптомите. Веднаш стана јасно дека тие што веќе имаат некое заболување најчесто развиваат компликации – појаснува д-р Ранчиќ.
Конкретно, коронавирусот е опасен по живот за овие категории луѓе.
– Срцево болни и оние со висок притисок
– Дијабетичари
– Асматичари
– Бремени жени
– Пациенти со проблематични дишни патишта
Можеби ќе ве интересира:
Со вашите теории ќе се лечите сами: Шефицата на Инфективна удри по граѓаните