fbpx

Најново за Ковид-19: Овој протеин спречува тешка клиничка слика!

Протеин наречен „Интерферон бета“ се покажал како корисен за пациентите на интензивна нега во клиничкото истражување од страна на британската компанија „Синерџи“ со седиште во Саутемтон.

Прелиминарните резултати од оваа нова терапија за заразените со Ковид-19 покажале драматично опоравување на бројот на пациенти, пишува „Би Би Си“.

Станува збор за протеин кој телото го произведува за да се одбрани од вирусна инфекција. Се инхалира директно во белите дробови, а првичните резултати покажале дека тој за 79 отсто ги намалува шансите хоспитализираните пациенти со коронавирус да развијат тешка клиничка слика, како што е потребата од респиратор.

Од компанијата „Синерџи“ нагласуваат дека веројатноста пациентот да се излекува се зголемила за трипати и дека значително се намалила опасноста од губење на здивот.

Во клиничкото испитување учествувале стотина волонтери хоспитализирани во девет британски болници. Само кај половина од нив бил применет овој третман со протеин и токму кај нив биле забележани овие изненадувачко позитивни резултати.

Следни Објави

Починаа уште 10 пациенти, најмногу нови случаи во Скопје

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 24-Куманово 6-Штип 24-Прилеп 1-Тетово 7-Струга 9-Битола 1-Охрид 6-Гостивар 4-Струмица 3-Крива Паланка 1-Радовиш 5-Кочани 2-Свети Николе 3 Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од […]