Д-р Даница Грујичиќ, директорката на Институтот за онкологија и радиологија во Србија, за вториот удар на епидемијата со коронавирус вели дека малку прерано сме се опуштиле и сме прогласиле победа, а за жал не било така.
– Мора да внимаваме. Јас сум уверена дека ова не може да трае две или пет години. Ова мора да заврши. Ние ќе стекнеме имунитет, но треба уште малку да бидеме трпеливи. Ако во наредните две-три недели ги почитуваме мерките, мислам дека епидемијата ќе спласне – вели д-р Грујичиќ.
Гостувајќи во емисијата „150 минути“ на ТВ Прва таа истакна дека не им е на сите лесно да носат маски, но дека е многу важно да бидеме дисциплинирани по тоа прашање.
– Се покажа дека овој ковид предизвикува системска реакција. Не е тоа само температура, туку и реакции кои наликуваат на анафилактички шокови – појасни реномираната докторка.