fbpx

(ФОТО) Пеколни денови во „8 септември“: По пет реанимации во смена

Анестезиолозите во ГОБ „8 Септември“ каде што секојдневно се примаат најтешките пациенти заразени со Ковид-19 имаат исклучително напорни смени, објаснува за „Фактор“ директорот, д-р Христијан Костов.

– Во моментов во болницата има вкупно 107 пациенти, од кои 92 се со коронавирусот. Тоа се навистина најтешките пациенти кои тука доаѓаат не само од Скопје, туку од цела Македонија. Дури 90 проценти од нив се со кислородна поддршка, а во моментов имаме седум кои се на респиратор и четворица на сипа, што е исто така респираторен апарат, но пациентот е полубуден. Оние анестезиолози кои останаа во ГОБ „8 Септември“, а сега се вкупно 11 откако две колешки дадоа отказ, работат по двајца во смена. Смените им се пеколни – раскажува д-р Костов.

Фотографии од мачното секојдневие на пациентите и медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“ погледнете ТУКА!

Следни Објави

Одлични вести од Русија: Готова е првата вакцина против корона!

Првата руска вакцина против коронавирусот е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов. Тој им откри на медиумите дека е направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја. – Извршени се последните проверки и тестирања, сите волонтери кои ја примија вакцината […]