fbpx

Ќерка ми четири месеци живееше со машина: Потресен статус за респираторите!

За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР. Од искуство! Мојата ќерка живееше 4 месеци со таа машина…
Искуството е страшно, болно, а резултатите доживотно да плачеш бидејќи има последици 🙁

За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.

Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни, а машината живее и дише за вас.

Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.

После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.

Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации.

За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 20-30 денари, не се интубираат, се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.

Респиратор или маска?
ТИ ОДБИРАШ ШТО ЌЕ НОСИШ.

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Д-р Даница: Еве кога ќе заврши вториот удар на коронавирусот!

Д-р Даница Грујичиќ, директорката на Институтот за онкологија и радиологија во Србија, за вториот удар на епидемијата со коронавирус вели дека малку прерано сме се опуштиле и сме прогласиле победа, а за жал не било така. – Мора да внимаваме. Јас сум уверена дека ова не може да трае две […]