Првата руска вакцина против коронавирусот е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов.
Тој им откри на медиумите дека е направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја.
– Извршени се последните проверки и тестирања, сите волонтери кои ја примија вакцината развија имунолошки одговор на коронавирусот и се чувствуваат добро – изјави Цаликов за весникот „Аргументи и факти“.