Епидемиолози од Јужна Кореја тврдар дека поголема е шансата со коронавирус да се заразите дома, отколку надвор.
Тоа го покажало најновото истражување објавено од Американскиот центар за контрола и превенција од болести, врз основа на прегледани 5.706 заразени луѓе и повеќе од 59.000 кои биле во контакт со нив.
Всушност, според оваа студија само двајца од 100 заболени се заразиле преку контакт надвор од семејството, а секој десетти пациент инфекцијата ја добил по контакт со членови од семејството, објави „Ројтерс“.
Интересно е што нивото на контаминираност во домаќинствата било поголемо кај случаите каде први се заразувале тинејџерите или луѓето постари од 60 години.
Џен Јун Кјонг, директорот на Корејскиот центар за контрола и превенција, објасни дека деветгодишни деца, но и помлади најретко се заразуваат први.