fbpx

Не мора да има контакт: Короната се пренесува и на овој начин!

Коронавирусот може да се пренесе и преку воздух во кој може да се задржи и до три часа. Ова се најновите сознанија на научниците кои конечно ги прифати и Светската здравствена организација.

Според нивната студија, луѓето може да се заразат со вирусот во затворени или непроветрени простории. Затоа е исклучително важно да се носи маска и редовно да се одржува хигиена и да се дезинфицира во сите затворени објекти.

Научниците објаснуваат како практично се шири зарзата на ваков начин. Секој човек додека разговара или издишува исфрла честички кои се шират и како такви може да лебдат во воздухот и до три часа. Друго лице дури и да почитува социјална дистанца може да ги вдиши и да се инфицира, а потоа на ист начин да се рашири заразата.

Како конкретен пример за овие лоши вести од СЗО се наведува случувањето во Вашингтон каде еден човек наводно заразил најмалку 45 други лица кои со него пееле во ист хор. Некои од заразените не прекршиле ниту едно од правилата за социјално дистанцирање.

Сличен инцидент, уште во јануари, се случи во Кина каде се верува дека едно заразено лице го пренело вирусот на уште девет кои јаделе во ист ресторан, иако една од заразените седела на далечина од дури шест метри од носителот на заразата.

Следни Објави

(ФОТО) Голем пожар во центарот на Скопје

Голем пожар во центарот на Скопје. Како што може да се види од фотографиите кои ги објави порталот „Вечер.мк“, пожарот се случил на Булевар ВМРО во близина на Пошта. Пред малку на „Твитер“ беше објавено и видео, запален е автомобил, а во околината се забележува премногу чад.