Експертите постојано го надополнуваат списокот на симптоми кога е во прашање коронавирусот, а најнов на листата е интензивниот мирис на урината.
Според последните анализи, можно е да сте изложени на ризик од инфекција со Ковид-19 ако вашата урина мириса особено силно. Тоа е знак кој не треба да го игнорирате, порачува тимот научници од Универзитетот во Охајо.
Интензивниот мирис на урината, но и нејзината интензивна боја можат да бидат индикатор за дехидрираност која, пак, би можело да биде предупредувачки знак за Ковид-19, пишува британски „Експрес“.
– Ако сте постојано жедни, устата ви е сува, слабо мокрите, ако урината ви има интензивна жолта боја, ако сето тоа е пропратено со главоболка и вртоглавица треба итно да се консултирате со лекар – порачуваат експертите од Охајо.