fbpx

Овој лек може да ги спаси, но и да ги убие заразените: Еве кога не смее да се користи!

Со едноставен тест на крвта може да се дознае кога дексаметазонот, инаку лек кој СЗО го прогласи за голема помош во лекување на тешко болните од Ковид-19, може да помогне, а кога да одмогне.

Научници од Њујорк откриле дека пациентите со високо ниво на супстанцата наречена Ц-реактивен протеин во крвта се најдобрите кандидати за лекот.

Ц-реактивен протеин е тоа што експертите го нарекуваат „маркер“, а ако постои во поголема количина, значи дека некој страда од сериозно воспаление.

Научниците велат дека пациентите со високо ниво на Ц-реактивен протеин се во помал ризик од фатален епилог или приклучување на респиратор кога се лекуваат со стероиди, додека давањето на овој лек на оние со здраво ниво на протеини може да биде опасно.

Моментално, лекарите одлучуваат дали ќе го употребат овој лек во зависност од тоа дали пацентот има потешкотии со дишењето.

Фото: Танјуг/Хусеин Мала

Следни Објави

Нови пет починати во Скопје, во Штип сѐ уште критично

Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 45-Куманово 7-Дебар 1-Штип 25-Прилеп 4-Тетово 9-Струга 5-Битола 6-Охрид 3-Кавадарци 1-Гостивар 9-Кочани 3-Демир Хисар 1-Делчево 1-Свети Николе 3-Кичево 6 Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга. Денеска Институтот […]