fbpx

Животот ѝ стана пекол: Еве каде исчезна Марија од „Жикина династија“

Актерката Риалда Кадриќ освои многу срца како кај помладата, така и кај повозрасната публика, а се прослави во култниот серијал „Жикина династија“.

Првата улога ја доби токму во првиот филм од 1978 година, кога на свои 15 години ѝ беше доверен ликот на Марија, големата љубов на Бобо во „Луди години“.

Последно остварување во кое играше е „Чудна ноќ“ од 1990 година. На изненадување на многумина, преку ноќ се повлече од филмското платно, а една година подоцна ја напушти и Србија и се пресели во Лондон.

И покрај блескавата кариера, таа ги спакува куферите и се одлучи за драстична животна промена.

– Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16 јануари 1991 година кога почна војната, мојата мајка ненадејно почина на улица во Белград. Седев во станот во Лондон, гледав вести, слушав за почетокот на војната кога ме затекна таа вест. Аеродромот беше затворен и немаше начин како да се вратам дома. Многу бев поврзана со мајка ми, а бидејќи неа повеќе ја немаше, а и конфликтот се ширеше на територијата на цела поранешна Југославија, одлучив да останам во Англија и да почнам некој нов живот – раскажа Риалда во едно интервју.

Во тие години престанала да се занимава со глума, но почнала активно да пишува колумни за списанија, работела радиоемисии во Лондон, а била ангажирана и за „Гласот на Америка“ додека живеела во САД. Подоцна почнала хонорарно да работи за Би-Би-Си.

Риалда денес изгледа сосема поинаку, но на нејзиното лице сѐ уште се препознава ликот на Марија кој едноставно го обожававме.

Следни Објави

Проверете го повторно извештајот: Наместо 1.800, сепак ќе добиете помалку!

Како може повторно да пресметуваат ДДВ на завршено тромесечје. Ги имав собрано максималните 1.800 денари, а сега ми покажува дека треба да ми бидат исплатени 1.683 денари, се жали скопјанката М.Ј. Таа е само една од многуте револтирани граѓани кои се затекнати од новата владина одлука која дефинитивно не е […]