fbpx

Силен татнеж и злокобна тишина: Скопје се сеќава!

Беше мугра. Одеднаш се слушна силно мјаукање, лаеж на кучиња, а страотни крикови на животни се слушаа дури и од Зоолошката градина. Јата птици во хаотичен лет одлетаа од покривите..

Ова е само едно од многуте сведоштва за утрото на 26-ти јули 1963-та година, кога земјотрес со јачина од 9 степени според меркалиевата скала во 5 часот и 17 минути го разбуди и го разруши Скопје.

– На улицата се појави наезда на стаорци кои бегаа од подрумите на сите страни. Веднаш потоа завладеа страшна, злокобна тишина. А по неа, силен татнеж. Облак од густ прав ја покри улицата. Кога правот се сталожи, видов дека сѐ е претворено во пепел – остана запишано во едно од многуте сведоштва кои засекогаш го променија ликот на „Градот на солидарноста“.

И по 57 години од катастрофалниот скопски земјотрес сѐ уште се свежи сеќавањата на старите скопјани. Велат болката по загубените семејства е голема. Иако помина  повеќе од половина век, раскажуваат за разурнатите домови и објекти кои како кули од карти згаснувале пред нивните очи. 

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 граѓани, а биле повредени над 4000. Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари. Апаратите до крајот на денот регистрираа 122 потреси, а уште 411 до крајот на годината. Земјотресот траел 20 секунди.

Следни Објави

Нови 20 заразени во Куманово, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2. Денеска Институтот за јавно […]