Познатата српска пејачка Снежана Ѓуришиќ неодамна се присети на најтажните моменти кои, како што вели, ги доживеала занимавајќи се со оваа професија.
– Имаше моменти кога сакав да се откажам од сѐ. Да се откажам од работата која ја сакам најмногу на светот. Бев на сцена кога брат ми почина. Тоа се очајни моменти кои не се опишуваат со зборови – откри Ѓуришиќ.
Вели дека најтешко ѝ било во деновите кога морала да биде суров професионалец, иако не ѝ се ни живеело.
– Максимално да ја испочитувате публиката додека преживувате пекол. За жал, тоа е лошата страна на нашата професија – раскажа таа.