Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-39,
Куманово-20,
Дебар-8,
Штип-14,
Прилеп-1,
Тетово-9,
Струга-13,
Битола-5,
Охрид-3,
Кавадарци-5,
Гостивар-15,
Гевгелија-3,
Струмица-4,
Радовиш-1,
Кочани-1,
Демир Хисар-2,
Македонски Брод-2,
Делчево-3,
Кратово-1,
Свети Николе-1,
Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13.
Нема починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.
Направените 1077 теста се преку: ИЈЗ-667, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-138, Биотек-78, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Систина со PCR метода -99, Судска медицина -1, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-3, ГАК-15. Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.