fbpx

Вие што не носите маски, поминете само две минути во моето одело

Сафија Софтиќ-Намас, докторка во Заводот за итна медицинска помош во Сараево, објави статус во кој совршено опиша низ што сѐ поминуваат лекарите и воопшто здравствените работници за време на епидемијата од коронавирус.

„Синоќа двајца пациенти прегледав во оваа моја нова униформа. Нема да должам колку е тешко да прегледате некого во ова – речиси невозможна мисија! Едвај дишам, колегите до мене воопшто не можам да ги слушнам, одам до домовите на пациентите по скали и само внимавам да не паднам на нос..

Самата процедура на облекување и на соблекување е доволно напорна што нѐ исцрпува за цела смена. Со моите колеги поминавме низ град, нема игла кај да фрлиш, а 80 отсто од луѓето не носеа маски. Токму на тие што одбиваат да носат маски им препорачувам само две минути да поминат во моето одело. Никогаш повеќе нема да им текне да ја симнат од лицето.

Ако не верувате во корона, тогаш барем почитувајте ги другите. Почитувајте нѐ нам кои во вакви услови мораме да лекуваме и да спасуваме животи“.

Следни Објави

Уште една трагедија во семејството Шаулиќ

Пејачката Илда Шаулиќ го загуби бебето, пренесоа сите српски медиуми. Таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ беа крајно среќни со бременоста, но за жал се случи оваа голема загуба. Семејството Шаулиќ беше многу среќно поради приновата. Среќа која им ги оттгрна мислите од тагата по заминувањето на фолк-легендата Шабан Шаулиќ […]