На 68 години во геријатрискиот центар во Скопје почина фолк пејачот Блаже Богев. Кавадарчанецот кој целиот свој живот ѝ го посвети на песната и до последно веруваше дека повторно ќе застане на сцена, не се избори со тешката дијагноза – тумор на малиот мозок.
Неговиот син Роберто за ,,Фокус“ ја потврди тажната вест.
– Тешко ни беше да го гледаме човекот кој секогаш беше полн со живот како ни се гаси пред очите. Но, едноставно, бевме немоќни пред тешката болест која ни дојде во животот ненадејно. Сите во Тиквешијата кои го знаат татко ми, ќе го спомнат како доста ведар човек, друштвен – вели Богев за татка си.
Блаже е татко на три деца. Има уште еден син и ќерка, но токму Роберто тргна по неговиот пат и се занимава со музика.