Иако сум млада, имам 23 години, моја најголема грижа е тоа што младите од нашата земја, повеќето дипломирани, заминуваат во западните земји, вели во изјава за ТВ 21 студентката Артина Ќазими која обезбеди место во најновиот состав на македонското Собрание.
Вели дека со своите способности и со помош од институциите ќе се обиде да го запре иселувањето и секој млад човек да се вработи во татковината и на соодветно место.
Ќазими е од редовите на колацијата Алијанса/Алтернатива, а доаѓа од гостиварски Добри Дол.