За помалку од две седмици, Русија планира да биде првата земја во светот којашто ќе ја одобри вакцината против коронавирусот. Руските власти за „Си-ен-ен“ изјавиле дека работат на вакцината што ја разви московскиот институт Гамалеј, а истата ќе биде одобрена и за јавна употреба до 10-ти август, а можеби и некој ден порано. Први ќе ја примат здравствените работници.
„Тоа е момент Спутник“, изјавил Кирил Дмитриев, шефот на рускиот фонд за суверено богатство кој ја финансира руската истражувачка вакцина, мислејќи на успешното лансирање на првиот сателит на светот од страна на Советскиот Сојуз во 1957-та година.
„Американците беа изненадени кога го слушнаа звукот на Спутник. Исто е и со вакцината. Русија ќе ја има прва“, додал тој.
Критичарите наведуваат дека постои притисок за развивање на вакцината како политичкото влијание на Кремљ, кој што сака да ја претстави Русија како глобална научна сила. И уште еднаш да ја покааже доминацијата над Америка.
Руските научници велат дека вакцината брзо се развива затоа што е модифицирана верзија од онаа која што веќе постои за борба против други болести.
Фото: Јорге Саенз