Македонската пејачка Елена Миленковска која се прослави во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ стекна голема популарност на „Инстаграм“, особено откако стана мајка.
Миленковска и нејзиниот сопруг Гуре Маринковиќ, исто така пејач, често објавуваат фотографии со синот Максим, а овојпат младата пејачка одлучи да позира гола и симболично да ја покаже моќта на најискрената прегратка.