Игор Џамбазов со емотивна порака ѝ го честита роденденот на саканата Илина Арсова. Двојката која со месеци уживаше во природата на дојранското село Сретеново моментално се наоѓа во селото Јанче каде докажаната алпинистка и уметница одлучи да го прослави денешниот ден.
– Таа е сѐ што имам. Таа е сѐ што немам. Таа денес полни 38 лета. Среќен роденден, среќо моја! – напиша Џамбазов на „Инстаграм“ под фотографијата што ја објави.
Можеби ќе ве интересира:
Кога таа се качува, тишината се слуша: И Џамбазов се отвори за Илина
Два осамени врвови се сплотија: Илина проговори за љубовта со Џамбазов