fbpx

Остави сопруга и две малолетни ќерки: Борче е починатиот донор на органи

Борче Пинов (46) е човекот чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи, дознава „Фокус“.

Пинов кој пред осум години бил именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес, починал вчера, по пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје. Несреќата во која се здобил со витално загрозувачки повреди се случила во Велес, откако паднал од височина.

Тој зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки.

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46-годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.

– Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи – изјави Филипче.

Следни Објави

(ФОТО) Таа е сѐ што немам: Џамбазов емотивен за роденденот на Илина

Игор Џамбазов со емотивна порака ѝ го честита роденденот на саканата Илина Арсова. Двојката која со месеци уживаше во природата на дојранското село Сретеново моментално се наоѓа во селото Јанче каде докажаната алпинистка и уметница одлучи да го прослави денешниот ден. – Таа е сѐ што имам. Таа е сѐ […]