fbpx

Битолчани во шок: Момче на 27 години почина на Инфективна

27 годишно момче од Битола позитивно на коронавирус, почина на Инфективната клиника во Скопје, дознава ТВ21.

На инфективната клиника во Скопје било префрлено откако претходно било хоспитализирано во Ковид Центарот во Битола.

Во скопската инфективна клиника било донесено на 27-ми јули.

Работело во познат кафе бар во центарот на Битола.

Од Министерството за здравство за „Фокус“ ја потврдија информацијата појаснувајќи дека момчето како дете било лекувано од еден вид на леукемија која оставила тешки имунолошки оштетувања и тоа било причина за тешката ковид болест.

Следни Објави

Нов изум: Погледнете ја маската која го убива коронавирусот!

Португалски научници објавија дека е изработена маска што го убива коронавирусот. Истата е со специјална обвивка што помага „деактивирање“ на Ковид-19 кога доаѓа во контакт со ткаенината од којашто е направена, информира „Јуроњуз“. Овие експерти тврдат дека заштитата на маската останува дури и по 50 миења што ја прави многу […]