fbpx

Нов изум: Погледнете ја маската која го убива коронавирусот!

Португалски научници објавија дека е изработена маска што го убива коронавирусот. Истата е со специјална обвивка што помага „деактивирање“ на Ковид-19 кога доаѓа во контакт со ткаенината од којашто е направена, информира „Јуроњуз“.

Овие експерти тврдат дека заштитата на маската останува дури и по 50 миења што ја прави многу отпорна.

Премачкувањето на маската за половина час може да ги намали шансите за дури 99 отсто некој да се зарази, вели Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон, еден од виролозите кој учествуваше во создавањето на маската.

– Мислам дека овој изум е само уште една алатка, еден вид хемиска бариера за вирусот – нагласува тој.

Активната состојка на овие маски веќе е успешно тестирана во Францускиот институт Пастер во Лил против вирусот Х1Н1 и ротавирусот, објави ИММ.

Оние што се заинтересирани за тоа од што се состои оваа облога, треба да знаат дека истата е заверена ОЕКО-Текс, што значи дека не содржи штетни материи и е безбедна за луѓето.

Како изгледа оваа маска погледнете во продолжение!

Следни Објави

Ајан го победи ракот, силно заѕвони на Детска клиника

За Нова година Ајан на министерот Венко Филипче му шепна дека има само една желба – да си оди дома! Токму тоа и се случи! Ајан го победи ракот! – Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку […]