Популарните српски водителки Јована Јоксимовиќ и Маја Николиќ денес се простија со новинарката Анета Радивојевиќ која после долго и тешко боледување почина на 55 години.
„Нѐ напушти прекрасна душа, немам зборови“, напиша на социјалните мрежи Николиќ.
Се огласи и сопругата на Жељко Јоксимовиќ.
– Храбра и достоинствена. Збогум! – напиша таа на „Инстаграм“.
Анета своето богато новинарско искуство го стекна во печатените медиуми. Подоцна се префрли во информативната програма на РТВ5 во Ниш каде беше генерален директор и уредник. Од 2011 година се приклучи во тимот на телевизија Прва.