Бранкица И. од Куманово почина во понеделникот суспектна на коронавирус и веднаш по породувањето во седмиот месец од бременоста, а сега се огласи и нејзиниот сопруг Бранислав.
– Не знам што нѐ снајде, многу ми е тешко. Само синот да биде добар. Бранкица е родена во Македонија, ова ни е прво дете. Покрај огромната тага, сега треба да се справувам и со административни проблеми, бидејќи таа сѐ уште нема добиено српско државјанство – раскажува Бранислав.
Тој се обидува да разбере како неговата сопруга се зарзила кога не излегувала од дома, ниту пак работела.
– Можеби јас ѝ го пренесов вирусот, но немам симптоми. Сепак, направив тест и ги чекам резултатите – вели Бранислав.
34-годишната Бранкица е породена по 20 часот во понеделникот со царски рез откако здравјето нагло ѝ се влошило. Лекарите во Ниш одлучиле предвреме да ја породат за да го спасат бебето. Синот е роден со само 920 грама и се наоѓа во стабилна состојба.