Почина Рајко Дујмиќ на 65 години, потврдија членови од неговото семејство. Легендарниот музичар беше тешко повреден во сообраќајна несреќа.
Хрватскиот композитор и некогашен водач на бендот „Нови фосили“ минатата среда со својот автомобил слета во провалија и се здоби со тешки повреди.
Дујмиќ во 1987 година ја напиша легендарната песна „Ја сам за плес“. Тој е и автор на музиката за темата „Rock Me“ со која во 1989 година Југославија победи на евровизискиот избор.
Фото: Жарко Башиќ/Пиксел