Почина писателката Исидора Бјелица на 52 години. Информацијата ја потврди нејзината сестра.
Српскиот портал „Ало“ дознава дека популарната уметница починала во нејзиниот стан во Нов Београд.
Бјелица беше честа гостинка во нашата земја. Препознатлива по уникатниот стил и со неверојтна позитивна енергија и дух, иако со години боледуваше од канцер. Се лекуваше и во една наша позната приватна болница.
– Секогаш верувам во невозможното и знам дека секогаш кога ќе паднам треба да станам. Колку и да ме удира животот, јас ќе го ставам најдобриот шешир, ќе соберам сила и ќе станам. Мое е да станам, останатото е на Господ – изјави таа во едно интервју.