fbpx

Една Македонка ја спореди со Грејс Кели: Мудри мисли од Бјелица

Регионот тагува по Исидора Бјелица, српска писателка и драматург со богата кариера, жена-борец, дама со уникатен стил кога е модата во прашање, лавица без влакна на јазикот..

Во продолжение ве потсетуваме на некои нејзини мудри мисли кои со задоволство ги споделувавме на социјалните мрежи.

* Кога ќе ги отворам очите прво ќе се насмеам на себе и светот и ќе ја пуштам Марија Калас, која ја обожавам, па пијам топла вода со лимон.

* Мирот е во нас. И немирот е во нас. Сѐ друго е излив на тој наш мир и немир, па ни се чини дека доаѓа однадвор. А всушност ние сме извор на сѐ што влегува во нас!

* Не е целта на сѐ во животот да гледаме со позитивен став. На проблемите треба да им се пристапи и да се решаваат. За џабе пари за скапи психотерапии, најдобрата терапија е дуалната.

* Најголемите проблеми се решаваат на кафе со пријателка.

* Начинот на кој се облекуваме е наша порака за тоа како размислуваме, што сакаме, тоа е прв знак за препознавање.

* Искрено, личност која најмногу ме импонира со својот стил е од Македонија, вашата успешна бизнис жена Јана Марин, таа ја има елеганцијата како Грејс Кели, тоа е она што најмногу го сакам.

* Успех е да останете свои, да го задржите девојчето во себе.

* Нашите мисли се извор на нашата среќа и болка. Среќен е оној човек кој секогаш има добри и позитивни мисли кои во се гледаат добро.

Следни Објави

Експертите едногласни: Следува пандемија со оваа посериозна болест!

Следната епидемија ќе биде онаа на хронични болести на бубрезите меѓу излекуваните пациенти од коронавирус. Од почетокот на пандемијата гледаме најголема стапка на откажување на бубрези кај пациенти во историјата. Тоа е долгорочен проблем за пациентите, но и за лекарите, вели нефрологот Стивен Кока. Американското Здружение за нефрологија предупредува дека […]