Американскиот актер Бен Афлек (47) и Ана де Армас (32) сѐ повеќе време поминуваат заедно и изгледаат како лудо вљубени тинејџери, пренесуваат американските медиуми.
Папараците ги фотографираа во Малибу придружувани од Мет Дејмон и неговата сопруга и уште неколку блиски пријатели.
Сите се едногласни дека оскаровецот е конечно среќен во љубовта со неговата 13 години помлада партнерка.
Афлек претходно беше во брак со колешката Џенифер Гарнер со која има три деца.