Се врати од Македонија каде се лекуваше последните години, велат блиски пријатели на Исидора Бјелица која почина на 52-годишна возраст.
– Вчера допатува од Скопје и веднаш ја однесоа во болница кадешто почина – вели извор за „Блиц“.
Бјелица беше честа гостинка во нашата земја. Препознатлива по уникатниот стил и со неверојтна позитивна енергија и дух, иако со години боледуваше од канцер.
– Секогаш верувам во невозможното и знам дека секогаш кога ќе паднам треба да станам. Колку и да ме удира животот, јас ќе го ставам најдобриот шешир, ќе соберам сила и ќе станам. Мое е да станам, останатото е на Господ – изјави таа во едно интервју.