Бројни пријатели и почитувачи на нејзиното дело, денеска се собраа на последното испраќање на популарната српска писателка Исидора Бјелица.
Ковчегот во капелата беше целосно покриен со цвеќиња, а на крстот стоеше бела шапка, потег кој расплака многумина.
Во чест на Бјелица претходно се одржа и комеморција во малата сала на Сава центар.
Семејството ја испочитува нејзината последна желба, авторката да биде кремирана.