Реномиран американски епидемиолог не е уверен дека во овој момент вакцината е решение
„Не знаеме каква би била ефикасноста. Не знаеме дали би била 50 или 60 отсто. Би сакал тоа да биде најмалку 75 отсто“, вели д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести.
Тој предупредува дека шансите вакцината против коронавирусот да биде сто отсто ефикасна се минимални и дополнува дека ќе биде речиси невозможно да се развие вакцина која е ефикасна до 98 отсто.
Тоа значи дека мерките кои се применуваат ширум светот, задолжителното носење маска и физичката дистанца во затворени простории или на места каде има гужва, уште долго време ќе бидат на сила за да го спречиме ширењето на вирусот.